Ново истражување на специјалисти од САД претстави know-how во областа на слабеењето. Тие дошле до заклучок дека за да се постигне суштинско губење на тежината е потребно да се извршат неколку едноставни промени во навиките.
Принципиелен услов е дека овие промени мора да се почитуваат доволно долг период – барем неколку седмици.Истражувачите од лабораторијата за прехранбени производи кон Корнуевелскиот универзитет во САД имаат направено заклучок дека промените во навиките над 25 дена во месецот даваат забележителни ефект во слабеењето. Притоа авторите на новата теорија нагласија:
“Човек треба многу прецизно да ги почитува овие промени така што да му станат како природна навика. Спроведен од научниците експеримент покажал дека оние учесници кои строго и доследно ги негуваат новите правила на исхрана , ослабеле значително повеќе во споредба со останатите.
Во истражувањето 504 доброволци биле анкетирани и биле изучени особеностите на нивниот начин на живот. По анализата на оваа информација стручњаците дале на луѓето препораки за три промени кои тие биле должни да ги почитуваат во текот на месец. При проценката на конечните резултати, било утврдено дека 42% од учесниците ослабеле, а 27% ја зачувале тежината.
Препораките кои биле дадени на учесниците не бараат сериозни промени во нивниот начин на живот – тие не требало да почитуваат диети или да ги зголемат физичките оптоварувања.



















