Наѓа (3) починала од сипаници | Ова е нејзината приказна

25371

Мајката на малата Наѓа која починала од сипаници се обидува да им објасни на противниците на вакцините колку се во грешка

Сметаме дека е важно да ги пренесеме вознемирувачките фотографии на Драгана Петровиќ од Србија

Во Србија веќе некое време има епидемија; според некои податоци од минатата година забележани биле повеќе од пет илјади случаи на инфекција со мали сипаници и 15 смртни случаи. Синоќа на Фејсбук се огласи г-ѓа Драгана Петровиќ, мајка од Крагуевац, која неодамна го изгуби своето девојче Наѓа која во мај оваа година требала да го прослави својот трет роденден. Малечката од мали сипаници починала во почетокот на април во Институтот за мајки и деца во Белград.

Ја делела собата со заразено момче

Мама Драгана во својот емоционален статусот ја прераскажала борбата на своето девојче кое поради други здравствени проблеми не можела да биде вакцинирана, а која колективниот имунитет би требало да ја чува. Но, поради зголемениот број на деца кои не се вакцинирани и таа е заразена; се покажало дека во болницата ја делела собата со момче инфицирано со мали сипаници. По неколкумесечна борба, Наѓа починала, а нејзината мајка се надева дека смртта на нејзината ќерка ќе биде доволен доказ за сите оние кои сé уште мислат дека децата не треба да бидат вакцинирани. Нејзината објава ја пренесуваме во целост.

“Ова е мојата Наѓа, родена е на 8 мај 2015 година. Кога имала една година се појавиле симптоми на автоимун полигландуларен синдром тип 1. Таа ја загубила косата, имала системска кандидијаза, автоимун хепатитис и други дијагнози. Подоцна било утврдено дека има и хиперпаратироидизам поради чести хипогликемии и хипокалцемии. Поради тие хипокалцемии, честопати престојувавме во болница, бидејќи со едноставно внесување на терапијата по орален пат, нивото на калциумот е екстремно низок (0,60). Не можеше да се вакцинира и се надевавме дека во екот на епидемиите ќе ја штити колективниот имунитет.

Продолжува на страна 2