Интелектуална и духовна женственост (1)

104

Женственоста станува различна. Затоа треба да се зборува за потполна женственост, јас тоа го нарекувам зрелост.

На онаа женственост, што е иста и од внатре и од надвор, а во тоа можат да нѝ помогнат четирите нивоа на човековиот живот.

Тоа се:

Физичко ниво – сѐ што е поврзано со нашето тело.

Емоционално ниво – сѐ што е поврзано со односите.

Интелектуално ниво – нашите знаења, навики и менталните ставови.

Духовното ниво – однос со Бог, насока на животот и неговиот смисол.

Ако зборуваме за женственост, важно е да ѝ се пристапи сеопфатно, на сите четирите нивоа.

1. Женственоста на физичко ниво

Првично на ова се однесува тоа како ние изгледаме од надвор, постојат многу компоненти.

Што носиме? Колку облеката е женствена и колку ја нагласува нашата женственост?

Колку нашата облека е убава? Колку ја чува женската енергија? Или предизвикува страст, провокативна е и растура сѐ што сме собрале залудно?

Во каква состојба е нашата кожа? Дали се грижиме за неа? Дали ја нагласуваме својата убавина со козметика?

Каков однос имаме кон косата? Дали таа е здрава? Дотерана? Уредна?

Дали носиме накит? Дали знаеме како се носи и дали го надополнува нашиот изглед?

Какви чевли носиме? Дали се груби или нежни (женствени можат да бидат не само штиклите, туку и балетанките, и чевлите со мала пета).

Каква е состојбата на нашето здравје? Особено каква е состојбата на женскиот дел?

Дали се грижиме за својата фигура или долго време не се грижиме за тоа? Се вели дека најженствениот дел од женската фигура – е половината. Односно, кај секоја жена, секогаш мора да има убава половина. А дали ја имаме?

Како се движиме додека одиме, дали се движиме без проблем?

Како зборуваме? Колку нашиот глас нѝ е пријатен нам, и на оние кои зборуваат со нас?

Тука уште спаѓа и каков простор создаваме околу себе:

Дали знаеме да подготвуваме и вложуваме во храната љубов?

Дали знаеме да создаваме пријатна атмосфера во домот?

Дали знаеме да создаваме удобност со едноставни ситници?

Дали знаеме да се ослободиме од ѓубрето во својот живот?

Дали знаеме да одржуваме чистота и ред во разумни граници?

Дали знаеме во било која состојба на семејството во куќата да создадеме чувство на потполна среќа?

Продолжува на страна 2