Ова е мапа на сите 5G мрежи во светот 

216

Теорија на заговор или разумно сомневање што бара одговор? На таа линија се делат оние кои веруваат дека приказните за поврзаноста помеѓу 5G мрежата и коронавирусот се целосно бесмислени и оние кои се убедени дека тука сепак нешто има.

Она што е сигурно е дека приказната се шири низ светот со брзина што ја обезбедува 5G мрежата.

Буквално, не постои земја во светот што не расправа за тоа.

Сепак, дали некогаш сте биле заинтересирани за тоа каде сè има 5G мрежата, дали ги има во Македонија или колку.

Веб-страницата nperf.com покажува мапа на сите 5G мрежи во светот. Но не се идентични со податоците на друга веб-страница speedtest.net кои на неделно ниво ги следат активностите на сите 5G мрежи во светот. Вам ви оставаме да ги споредите.

Ниту на едната, ниту на другата платформа ја нема Македонија, но тоа не значи дека 5G нема да профункционира.