Понудата на шампони за побрз раст на вашата коса е голема, но постои и рецепт кој нема да ве чини толку многу, а е еден од најефикасните и е доста популарен и меѓу оние кои се борат со косопаст.
Потребно
- 750 милилитри шампон од коприва
- шишенце маслени АД капки
- 100 милилитри пантенол
- 50 милилитри рицинусово масло
- 30 милилитри капки од коприва (може да се најдат во аптека)
Подготовка
Користете шише од шампон од еден литар (може да преточите од пакувањето од шампонот од коприва од еден литар и да го дополните пакувањето). Додадете ги сите наведени состојки.
Користете го на секое миење на вашата коса и задолжително протресете пред употреба.
Резултатите се видливи по 20-30 дена од почетокот на користењето.
Доколку имате сува коса изоставете го пантенолот или ставете помалку (30-50 милилитри).



















