Веге шејк

1963

Овој вкусен вегетаријански шејк е преполн со витамини.

Потребно 

  • 1 помала главица цвекло (приближно 120гр, варено)
  • 125 мл кокосово млеко, разладено
  • 1 зрела банана
  • 2 семки кардамон
  • 7 коцки мраз
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • мал прстофат морска сол
  • 2 лажици свежо исцеден сок од лимон
  • чиа семе за украсување

Подготовка

  • Во блендер ставете го цвеклото со бананата и сите преостанати состојки. Мешајте додека смесата да стане хомогена.
  • Ставете го фрапето во стаклени чаши
  • Посипете чиа семки за декорација