Еве зошто секојдневно треба да конзумирате ладно цедено маслиново масло

628

Основен извор на маснотија нека ви биде маслиновото масло затоа што тоа е добар извор на витамин Е, витамин К и други витамини.

Исто така, содржи моно незаситени здрави масти. Ако редовно го употребувате маслиновото масло ги превенирате кардиоваскуларните болести.

Тоа, исто така, дејствува антивоспалително, ја превенира оксидацијата на холестеролот во телото и со тоа ве заштитува од мозочни крварења.

Кај жените кои се во менопауза ги намалува валунзите, превентивно дејствува на појава на дијабетес и подоцнежната животна старост, ја намалува опстипацијата (затворот) и ја превенира појавата на карциномот на дебелото црево.

Покрај сето ова маслиновото масло го подобрува квалитетот на кожата, ги зајакнува ноктите и косата и е докажано средство против стареење и претставува вековна тајна за убавината на многу убави жени низ историјата.