Рецептот за супата е уникатен и едноставен.
Таа успешно ќе ги исчисти сите наталожени масти, со што ќе ја подобри работата на организмот, а воедно ќе го исчисти и од наталожените токсини.
За време на оваа диета исто така можете да консумирате и овошје како јаболка, круши и цитруси, но во мали количини. Од зеленчукот дозволени се краставиците, доматите и цвеклото. Сите продукти треба да се свежи. Можете да консумирате и зелка, кромид, копар, магдонос и марула. Треба да пиете и поглеми количини минерална вода, по можност негазирана.
Слатките, брашното, мастите и млечните производи, како и алкохолот се забранети.
Рецептот за супата е едноставен и најважна состојка е краставицата. За да ја подготвите супата потребни ви се: 6 средни главици кромид, 2-3 домати, 1 мала главица зелка, 2 пиперки, 1 краставица, 1 морков и малку сол. Сварете ги овие намирници во сад со доволна количина на вода и не додавајте масла, исто така забранета е модификација на рецептот. Супата можете да ја консумирате повеќе пати во текот на денот.
Првиот ден се препорачува да се јаде – супа, овошје и вода.
Вториот ден – супа, зеленчук, овошје, три мали печени компири со малку маслиново масло и вода.
Третиот ден – супа, овошје, зеленчук и вода.
Четвртиот ден – супа, овошје и зеленчуик. А дозволена е и 1 банана.
Во текот на петтиот ден – супа, 200 гр варено говедско месо, домати и вода.
Шестиот ден – супа, но само еднаш, 200 гр варено говедско, лиснат зеленчук и вода.
Можете да ги повторите деновите до постигнување на саканите резултати, но не повеќе од два пати последователно.