Летовите стануваат сè потурбулентни и опасни | Новата научна студија ја открива причината

959

Турбуленциите во чистиот воздух веќе создаваат значителни трошоци за американските авиокомпании, што резултира со повреди, доцнење на летовите и оштетување на авионите.

Секоја дополнителна минута помината во турбуленции ги зголемува овие ризици.

Новото истражување покажува дека турбуленциите во чист воздух, т.е. невидливата форма на турбуленција што се јавува на небото без облаци, се влошила поради климатските промени.

Студијата објавена во списанието Geophysical Research Letters открива дека силните турбуленции во воздухот (Cleaar air turbulence или CAT) станале поприсутни, со зголемување од 55% забележано на типичната северноатланска патека помеѓу 1979 и 2020 година. Зголемувањето на турбуленциите е најизразен над САД и Северниот Атлантик, но влијае и на популарните рути преку Европа, Блискиот Исток, Јужниот Атлантик и источниот Пацифик.

Порака до авиокомпаниите

Paul Williams, коавтор на студијата и атмосферски научник од University of Riding, ја истакна потребата авиокомпаниите да размислат како да управуваат со зголемените турбуленции.

По децениските истражувања кои покажале дека климатските промени ќе ги зголемат турбуленциите во чистиот воздух во иднина, сега имаме докази кои сугерираат дека зголемувањето веќе започнало. Авиокомпаниите ќе мора да почнат да размислуваат како да управуваат со зголемените турбуленции, истакнува Williams.

Зошто се јавуваат турбуленции во чистиот воздух?

Турбуленциите во чистиот воздух веќе создаваат значителни трошоци за американските авиокомпании, што резултира со повреди, доцнење на летовите и оштетување на авионите. Секоја дополнителна минута помината во турбуленции ги зголемува овие ризици.

Турбуленцијата во чист воздух, исто така, претставува предизвик за навигацијата бидејќи е тешко да се открие со помош на радарот во авионите, кој првенствено ги идентификува капките вода во облаците. Овој тип на турбуленции е предизвикан од смолкнување на ветерот, т.е. разлики во брзината на ветерот на различни висини.

Смолкнувањето на ветерот се интензивира во брзите млазни текови бидејќи емисиите на стакленичките гасови ја загреваат тропосферата на Земјата. Затоа, растечкиот диспаритет во температурите помеѓу тропосферата и стратосферата доведува до зголемување на турбуленцијата во чистиот воздух.

Уште полошо во иднина?

Додека студијата ги испитува атмосферските податоци од изминатите четири децении, други научни истражувања ги проценуваат идните турбуленции во чистиот воздух.

Isabel Smith, метеоролог и докторанд на University of Riding, предвидува просечно зголемување на CAT од 9 до 14% по сезона, за секој °C на глобалното затоплување. Со оглед на тоа што температурите веќе се зголемуваат за повеќе од 1°C од Индустриската револуција, се предвидува дека летата, кои обично имаат помали турбуленции, ќе се соочат со поголеми зголемувања од зимските периоди. До 2050 година, летата би можеле да бидат турбулентни како зимите од 1950-тите.

Наодите во врска со сегашното зголемување на турбуленциите во чист воздух од 1979 година ја изненадија Smith бидејќи истакнува значително зголемување од 55%. Таа ја забележува алармантната природа на ваквите значителни зголемувања.

Малку е страшно кога ќе видите толку високи вредности, заклучи Isabel Smith.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Бонус видео: