Родителите намуртено ги гледаат наставниците поради лошите оценки

1127

Порано, на крајот на учебната година родителите ги гледаа намуртено децата поради лошите оценки, но денес намуртено гледаат на наставниците.

Порано, на крајот на учебната година родителите ги гледаа намуртено децата поради лошите оценки, но денес намуртено гледаат на наставниците.

Од првостепена важност е како да ги воспитувате децата, кој ги воспитува и кои се вредностите на кои се учат.

Многу голем проблем е воспитно-емоционалното запоставување на децата.

Да не се посвети внимание на детето, да немаш доволно време за детето, да не те интересира ништо друго освен оценките во свидетелство, е многу поопасно од секоја воспитна “шлаканица”.

Ако родителот поткупи наставник, и дозволи неговото дете да заврши основно образование неписмено или полуписмено, тоа е катастрофа.

Ако родителот му дозволи на детето цел ден да зјапа во екранот на компјутерот или мобилниот телефон, ако го носи во игротеки наместо во паркови, ако родителот го запише своето дете во приватно основно училиште и ги трие рацете дека има и приватни гимназии, затоа што таму се поминува полесно, катастрофата е неспоредливо поголема од било која казна.

Ако родителот заедно со детето “мува” за оценки, на тој начин учејќи го своето дете дека во животот пократкиот пат е единствениот начин, тоа е многу поголема трагедија за детето, за родителите и за општеството, бидејќи вака се создаваат измамници, неспособни и корумпирани луѓе.

Преземено од наставникот С.П.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.