Овие седум работи вистинските дами ги прават поинаку

192

Сите во животот имаме барем еден пример на самосвесна, силна жена, без разлика дали станува збор за пријател или член на семејството.

На тие жени им се воодушевуваме, нивната личност не привлекува, нивната самодоверба зрачи. Секоја нивна постапка изгледа како препреката да се свртеле наопаку и ја претвориле во уште еден чекор на скалите, по кои се качуваат кон врвот. Се прашувате во што е нивната тајна?

  1. Го негуваат своето знаење

Силните жени ја знаат својата сила, количината на знаењето и способностите, а во текот на животот, како приватно, така и професионално, тежнеат да се стават во ситуации во кои можат да ги искористат своите вештини. Се фокусираат на она во што се одлучни, наместо да се жалат за своите слабости. Исто така тие се свесни дека не се совршени, но се свесни дека сетоа тоа е човечки. Тие секоја грешка ја претвораат во корисно искуство и задолжително извлекуваат поука.

  1. Вежбаат самодоверба

Кога и да им е потребно мало охрабрување, без разлика дали станува збор за деловна презентација или приватен состанок, силните жени, за секој случај малку вежбаат самодоверба. Станува збор за афирмации или вежбање говор пред огледало и облекување на облека во која се чувствуваат женствено и моќно. Силната успешна жена знае кои ритуали на вежбање треба да ги употреби, со кои ја отстранува несигурноста и настапува професионално и беспрекорно.

  1. Ужива во самотијата

Барем еден час блажена тишина, самотија и одмор од луѓе и задачи, е задолжителен за секоја успешна жена. Тие се свесни дека на умот и телото им е потребен одмор, затоа нема да дозволат кој било да им го одземе тој час и да ја наруши нивната совршена рамнотежа. Како можеме квалитетно и долгорочно да им се даваме себе си на другите, доколку сме потрошени и незадоволни?

  1. Не ги интересира моделот на модерна „совршена“ жена, која ја наметнува општеството

Силните жени, кои се сигурни во себе никогаш не дозволуваат медиумите или општеството да им диктираат како да се однесуваат, облекуваат, изгледаат и слично. Тие никогаш нема да бидат слаби само затоа што во прашање е тренд. Напротив тие се силни и успешни, затоа што се свесни за себе и сигурни во своите животни избори.

  1. Ништо не сфаќаат лично

Тешките моменти овие жени никогаш не ги избегнуваат од мошне проста причина, знаат дека ништо нема да се промени само затоа што сте одлучиле да ги игнорирате негативните случувања во вашиот живот и затоа што во се ја гледаат позитивната страна. Тие не запаѓаат во депресија или тага, туку храбро се соочуваат со вистинската и бараат најдобри можни решенија. Исто така силните жени се свесни дека не можат да го контролираат туѓото однесување и емоциите, туку само своите и тоа им е единствено важно.

  1. Поставуваат охрабрувачки прашања

Уште една карактеристика на силните, сигурни жени е и јавното поставување прашања, поради кои се чувствуваат како подобри личности и покренување теми кои лично ги интересираат.

  1. Сакаат да го подобрат светот

Вистинските жени секогаш ќе се прашуваат како можат да ги искористат своите способности за да го направат светот во кој живеат подобро место. Несебичноста е една од клучните карактеристики на овие жени, бидејќи знаат за што се способни и сакаат тоа да го поделат со сите.