ИСПОВЕД | Попе грешев, дали има прошка за мене? Ова е прашањето на една младата жена …

404

Една млада жена поставила многу интересно прашање на еден од сајтовите кои се занимаваат со религиозна тематика. Ние нема да наведеме која верска заедница е во прашање, затоа што сметаме дека приказната е универзална …

Оваа жена на почетокот признава дека досега сторила поголеми гревови.

“Пред бракот, јас, како и денешната младина, живеев неморален живот. Излегував со различни мажи, се гушкав, се бакнував, така се запознав и со мојот сопруг, со кој сето ова сум го правела. Дури и со него направив грев, но ми беше прв маж со кој сум имала секс.

Потоа се омажив за него и се беше во ред додека во третата година од бракот не сторив неверство, значи, само еднаш откако сум во брак. Му го признав сето тоа и тој, му благодарам на Бога, ми прости, ми даде уште една шанса.

Се разбира, јас дури тогаш сфатив колку сим била грешна целиот мој живот, а особено по направениот грев. Искрено, жалам и се каам.

Дали постои прошка за мене?“ – прашува меѓу другото оваа жена.

Во одговорот што го добила наведено е дека покајанието е добар знак и дека треба да се истрае, и дека никој не треба да губи надеж во Божјата милост и простувањето ако е искрено.

Исто така, интересен е коментарот даден на почетокот од писмото:

“Пред да Ви одговориме на вашето прашање, сакаме да направиме мала корекција во однос на Вашето тврдење дека сте живееле како и денешниве млади – неморален живот. Генерализацијата е обично неточна, па и оваа затоа што денешната младина не живее неморално. Сигурно е дека постојат многу морални млади луѓе, а за жал, постојат и многу луѓе кои живеат неморално.“