Здивот со мирис на лук може да убие каква било желба за разговор, а камоли за интимност.
Неприфатливо е да мирисаме на лук, дури за некои е одбивно. Но, сепак не можете и да се откажете од корисниот зеленчук. Што да правите?
Постојат неколку видови храна кои го инхибираат мирисот на лук многу успешно. Кои се тие?
Ореви
Џвакајте неколку сурови ореви. Соединенијата во оревите се поврзуваат со оние кои формираат луков здив и се неутрализираат меѓусебно. Многу поефикасно е од мастика за џвакање, што само го прикрива луковиот мирис, но не го блокира.
Листови од нане
Суровите нане листови се исто така добар начин да се справите со лукот во здивот. Добра работа вршат исто свежите листови зелена салата, босилек или напивка од зелен чај. Тие ја намалуваат значително концентрацијата на луковите соединенија во дигестивниот тракт.
Jаболка
Истражувањата покажуваат дека јаболковатат кора го намалува мирисот на лук во рок од половина час по консумацијата. Ако јадете лук на ручек, имајте на ум едно јаболко за десерт. За најдобар ефект каснете истовремено комбинација од едно јаболко и неколку листови нане или марула.
Продолжува на страна 2