За мирен сон чувајте лимони во спалната соба

345

Страдате од несоница, Ве мачат грижи, или пак, комарци Ви пречат мирно да спиете… Решението е просто – чувајте лимон во спалната соба.

Лимонот е природен антисептик, чијшто свеж мирис ќе Ве препороди преку ноќ. Го подобрува расположението, а и собата ќе биде природно свежа, за разлика од ефектот на вештачките освежувачи полни хемикалии.

За да го постигнете тоа, потребно е секоја вечер, пред спиење, да пресечемт лимон на четвртинки во една чинија, да го посолите и да го ставите врз плакарот.