Според фенг-шуи, овие предмети ја крадат хармонијата

1184

Ако сте забележале негативна енергија, нервоза и недостиг на хармонија во вашиот дом, можеби е време да откриете нешто повеќе за филозофијата на фенг-шуи.

Според тоа, ова се предметите кои ја „пијат“ енергијата од вашиот дом:

1. Валкана облека во собата

Валканата облека би требало да биде во корпа за перење, а не во аглите на вашата спална соба.

2. Чевли пред врата

Не оставајте чевли пред која и да е врата во вашиот дом. Подобро купете соодветно орманче за нив.

3. Купишта стари весници и друга хартија

Она што ќе го прочитате, фрлете го. Секако, ова не важи за книгите. Тие треба да се уредно средени на полица.

4. Празни садови за ориз, сол и шеќер

Според фенг-шуи, садовите во кои чувате ориз, сол и шеќер не треба да дозволите да бидат празни, туку редовно да ги дополнувате.

5. Оштетени садови

Поткршените чаши и изгребаните садови за јадење привлекуваат негативна енергија. Заменете ги со здрави и неоштетени.