Еве кои маски од домашен материјал можат најдобро да ве заштитат од коронавирусот | Видео

1608

Научниците од Универзитетот во Илиноис направија истражување за тоа кои домашни материјали се најдобри за правење маски и колку тие штитат од вирусот.

Во своето истражување, тие споредиле маски направени од 10 материјали за домаќинствата, како што се стара облека или крпа и ги споредиле со вообичаените хируршки маски.

Според резултатите, повеќето материјали од домаќинствата помагаат во спречување на инфекцијата, односно ги блокираат капките што ги носат вирусите, дури и кога станува збор за еднослојните маски, додека некои материјали се многу успешни во тоа.

Студијата покажа дека, во лабораториски услови, хируршката маска обезбедува заштита од 96,3 проценти.

Кога станува збор за материјалите од домаќинството, маската направена од маица составена од 60% памук и 40% полиестер била најдобра. Нејзината заштита од капки е 99,98 проценти, но само кога станува збор за трислојна маска. Со два слоја заштитата е 98,6, а со еден само 43,3 проценти.

Следна по успешнпст е кујнската крпа која се состои од 85% полиестер и 15% најлон, што запира 97,9% од капките.

Свилата маица штити во 92,3 проценти од случаите, а 100% памучната маица во 91,1 процент.

Најлоша била маската направена од маица чија комбинација е 75% памук, 25% полиестер, каде заштитата е само 42,6%.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.