Дали оваа Американка го донела коронавирусот во Вухан?

1431

Обвинета е од теоритичарите на заговор, жртва е на „сајбер-малтретирања“.

Maatje Benassi, резервистка во американската војска, која е обвинета од теоретичарите на заговор за „носење“ на коронавирусот во Кина, вели дека била жртва на „сајбер-малтретирање“.

Лажни тврдења секојдневно се објавуваат на Јутјуб, иако таа никогаш не била позитивна на коронавирусот, ниту пак имала никакви симптоми. Maatje Benassi била мета на теоретичарите на заговор во март, неколку месеци откако бил регистриран првиот случај на новиот коронавирус во Кина.

Теоријата вели таа „го донела“ вирусот во Кина, затоа што учествувача на Светските воени игри во Вухан минатиот октомври.

Бенаси учествувала во трката со велосипеди, за време на која доживеала несреќа и завршила со скршено ребро и потрес на мозокот. Иако стотици спортисти од американската војска учествувале во игрите, тоа беше Maatje Benassi била избран за централна фигура во теоријата на заговор. Овие обвинувања го превртиле нејзиниот живот и животот на нејзиниот сопруг Мет. Тие велат дека нивната домашна адреса е објавена на Интернет, а нивните профили на социјалните мрежи биле преплавени со пораки од оние кои веруваат во теориитњ на заговор, пред да ги деактивираат.

„Тоа е како да се разбудите од лош сон и со денови да поминувате низ кошмари“, вели Benassi, а пренесува Танјуг.

Иако социјалните мрежи презедоа чекори против ширење дезинформации за вирусот на нивните платформи, тоа не му помогна многу на парот Benassi. Тие се обидоа да ја отстранат таквата содржина од YouTube и спречија ширење, но адвокатите и полицијата им рекле дека малку може да се стори во врска со тоа.

„Сакам луѓето да престанат да ме вознемируваат. Тоа е сајбер-малтретирање и е надвор од контрола“, вели Maatje Benassi.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.