ПОРАКА ДО СЕКОЈ ВОЗРАСЕН КОЈ Е РОДИТЕЛ ИЛИ ПЛАНИРА ДА БИДЕ ТАКОВ

114

Пораката која што секој возрасен треба да ја прочита, бидејќи децата ги набљудуваат и прават она што тие го прават, а не она што велат.

*Кога мислеше дека не те гледам, јас видов дека ми го закачи првиот цртеж на фрижидерот и веднаш побрзав да нацртам нов.

*Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како нахрани изгубено маче и научив дека е добро да си мил со животните.

*Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како ми ја направи омилената торта и научив дека малите нешта можат да бидат нај специјалните работи во животот.

*Кога мислеше дека не те гледам, јас слушнав како рече една молитва и јасзнаев дека некаде има Бог, со кого секогаш можам да зборувам и се научив да верувам во Господ.

*Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како приготви храна и ја однесе на пријател кој беше болен и научив дека сите ние треба да си помагаме грижејќи се еден за друг.

*Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како оддели од времето и парите, за да им помогнеш на луѓе кои немаат ништо и научив дека овие кои имаат нешто треба да даваат на оние кои немаат.

*Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како се грижиш за нашата куќа и секој во неа и научив дека треба да се грижиме за она што ни е дадено.

*Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како се справуваш со своите одговорности, дури и кога не се чувствуваш добро и научив дека треба да бидам одговорена кога ќе пораснам.

*Кога мислеше дека не те гледам, јас ги  видов солзите во твоите очите и научив дека понекогаш ќе бидам повредена, но нема ништо страшно во тоа да поплачеш дури.

*Кога мислеше дека не те гледам, јас научив најмногу од лекциите на животот што треба да знам за да бидам добар и креативен човек, кога ќе пораснам.

*Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како си загрижен и сакав да бидам она што јас би можела да бидам.

*Кога мислеше дека не те гледам, јас те погледнав и сакав да ти кажам “благодарам!” За сите оние нешта што ги видов, кога ти си мислеше дека не те гледам.

Моника Стаменковска