Нов тест за рак на јајници

145

Белгиски и британски научници развија нов прецизен тест за рак на јајници кој овозможува попрецизна дијагноза на различни типови и стадиуми на оваа болест.

Истражувачите од  Унверзитетот Леувен и Кралскиот колеџ Лондон, веруваат дека новиот тест ќе го намали бројот на непотребни хируршки зафати, бидејќи ќе го олесни одредувањето оптимална терапија за секоја пациентка.

Тестот овозможува разликување на бенигни цисти од малигни тумори и одредување степен на агресивност на туморот, пишува „British Meidcal Journal“.

Во развојот на тестот кој се служи со комбинација на информации за пациентките, вклучувајќи анализа на крвта и наоди од ултразвук, користени се податоци собрани во текот на осум години од 3.500 пациентки со рак на јајниците од десет европски земји.

После тоа, точноста на тестот во текот на три години е проверувана на дополнителни 2.400 пациентки.

Само 40 отсто од пациентките со рак на јајници живеат и пет години по дијагнозата, а лекувањето го отежнува и релативното доцното откривање на болеста.