Храната и пијалаците кои ќе ви го освежат здивот

618

Постојат неколку видови храна и пијалаци кои можат да ви го освежат здивот речиси веднаш и тоа на еден сосема природен начин.

Сепак грижете се за хигиената и општото здравје на вашата уста и имајте на ум дека лошиот здив може да е навестување за здравствен проблем.

Еве и што да пробате, ако треба да се освежи здивот брзо:

Пијте вода

Водата го држи вашето тело хидрирано и буквално делува како освежувач за здивот. Пиењето вода помага за отстранување на мирисите, кои се предизвикани од бактериите во устата, кои напредуваат уште подобро во сува средина. Значи зголемете ја дневната потрошувачка на вода, така што на јазикот ќе се задржуваат помалку остатоци од храна. Ова, во комбинација со правилна нега на забите и устата, ја намалува шансата да имате лош здив.

Јогурт со пробиотици

Повеќето кисели млека со пробиотици (збогатени со пробиотик бактерии) помагаат за балансот во усната шуплина и на некој начин го освежуваат здивот. Некои компании дури веќе прават пробиотик пастили.

Зелен чај

Истражувањата покажуваат дека во зелениот чај се одржат полифеноли, кои го освежуваат здивот природно. Покрај тоа, тие спречуваат кариес и се борат со некои видови на рак на устата, а и помагаат при напорите на човек за слабеење.

Џвакање мастика или ментол бонбони

Мастиките кои содржат ксилитол (дијабетес алкохол) создаваат еден лизгав слој на забите и непцата и така ги штитат од задржување на бактерии.

Сурова црвена пиперка

Во црвените пиперки се содржи витамин Ц, кој исто така помага во борбата со лошиот здив. Јадењето сурова црвена пиперка (може и брокула) ги намалува бактериските популации поврзани со мирисот во устата.

Јаболко

Јадете по едно сурово јаболко на ден, ако сакате да го задржите здивот пријатен. Овој плод ги неутрализира неизбежните миризби во устата.

Џвакајте билки

Можете да се борите со лошиот здив и како џвакате неколку листови чајно дрво, мајчина душица, оригано, каранфилче, цимет или кардамон. Може да пробате и со магдонос, босилек и нане.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.