Воспитајте самостојно дете на кое ќе можете да се потпрете кога ќе остарите | Еве вака се создаваат луѓе!

1655

Да се биде родител е најубава, но и најтешка работа. Мајките и татковците секојдневно се соочуваат со дилеми, предизвици, стравови, со прашања за тоа дали правилно го воспитуваат своето дете.

За да им олеснат на родителите, експертите составиле 13 правила за воспитувањето, кои го сочинуваат “светиот грал” на воспитанието.

Ова е, велат, сè што треба да знаете за подигање на вашето дете …

1. Дозволете му на детето да направи грешка

Ако сакате да подигнете самостојна личност, понекогаш треба да му дозволите на детето да направи грешка, без вие да му помогнете. Запомнете: долгорочна корист – тинејџер кој, на пример, знае сам да ги измие алиштата – бара моментална непријатност.

Пред да скокнете да му помогнете на детето во вршењето на некоја физичка задача, прашајте се:, “Дали моето дете е во опасност? “Потоа запрашајте се дали детето ги има потребните вештини (спретност и рамнотежа) и задоволени основни потреби (дали е одморно и сито). Ако одговорот е позитивен, оставете го детето само да се обиде да ја изврши задачата.

2. Придржувајте се на 3 правила за домашна работа

Правило 1: Прво направете го најтешкото.

Правило 2: Отстранете го мобилниот телефон. За домашна задача, детето можеби ќе има потреба од технологијата, како што е компјутер, но барем не мора да праќа SMS пораки во тоа време.

Правило 3: Штом ќе ја заврши домашната задача, ќе ја нареди торбата за утре и ќе ја стави до вратата.

Овој процес од три чекори детето лесно може да го прифати, така што нема да морате да го “тормозите” заради извршување на училишните обврски.

3. Запомнете го акронимот G.U.U.U.

Често се случуваат напади на гнев поради тоа што детето е гладно, вознемирено, осамено или уморно.

4. Вежбајте секојдневни постапки на добрината

Учете го своето дете да им помага на другите секој ден, а не само кога се празници. Поттикнете го детето да направи добра работа барем еднаш неделно, да му помогне на некој пријател или сосед да ги исчисти паднатите лисја. Фокусирајќи се на другите, детето ќе научи што значи да се биде благодарен.

5. Бидете строги за времето кога треба да оди на спиење

Истражувањето покажало дека 7-годишниците кои немаат одредено време да одат на спиење имаат повеќе проблеми во однесувањето од оние кои одат на спиење секоја вечер во исто време.

6. Дозволете му да чита што сака

Децата кои читаат од сопствено задоволство развиваат поширок поглед на светот и многу се подобри не само во социјалните, туку и во природните предмети. Дозволете му на детето да чита што сака во слободното време – најважно е да ја стекне навиката за читање.

7. Не му давајте пари на детето кога ќе ја среди својата соба

Ако го наградите детето со пари кога ќе го подреди креветот, тоа ќе очекува пари секој пат кога ќе го замолите да направи нешто или да ви помогне во извршување домашни обврски. Можете да му дадете на детето месечен џепарлак за правилно да научи да располага со пари и за целокупното добро однесување, но не го наградувајте секојдневно.

8. Научете го на храброст

Сакате дете со силна самодоверба? Нека од вашиот пример учи за мали, здрави ризици во животот. На пример, одете сами во кино, а подоцна објаснете му на детето зошто тоа не е нешто заради што треба да се чувствува непријатно (многу возрасни луѓе не сакаат да одат сами на кино, бидејќи им е непријатно). Или, нека вашето дете види како како се смеете кога ќе сфатите дека сте ја носеле кошулата наопаку цело утро, наместо да ви е срам.

9. Не гответе посебни оброци за детето

Детето мора да научи да јаде она што неговите родители јадат. Вие не мора да изедете сè што сте подготвиле за ручек, но мора да изберете храна која ќе ви даде хранливи материи. Многу е поважно што сѐ детето ќе изеде во текот на еден ден или недела, наместо еден балансиран оброк.

10. Бидете особено внимателни кога ќе наполни 14 години

На таа возраст влијанието на врсниците почнува да ослабува, а детето почнува да размислува со својата глава, наместо да го следи “лидерот”. Ако сакате вашето дете веднаш да почне да мисли со својата глава, почесто поттикнувајте разговори во врска со неговите пријатели (прашајте го, на пример, што се случува со неговите пријатели), со цел да дознаете со кој се дружи.

11. Победете ги стравовите со здрав ум

Ако детето се плаши од куче, не го водете на другата страна од улицата кога кон вас оди куче. Демистифицирајте го стравот. Кажете “Погледни, кутре! Ајде да го прашаме сопственикот дали можеме да го помилуваме и да го почувствуваме неговото меко крзно. Кога детето, на пример, оди на вакцинација, бидете емпатичен, но не премногу емотивен. Кажете “Сè е во ред. Готово е за неколку минути “, наместо” Знам, боли! ”

12. За да направите детето да биде малку потивко, намалете го гласот наместо да го повишите

На овој начин, детето ќе се фокусира на она што му кажувате. Можете да го направите проблемот и забавен. “Ако сакаш да слушнеш што ќе правиме сега, скокај на една нога”. Најмладото овие игри ќе го воодушеват.

13. Прво, грижете се за себе, а потоа за вашето дете

Ако сакате да бидете подобар родител, најпрво мора да се грижите за себе. Родителите кои се лишуваат од одмор, храна и забава заради своите деца, всушност никому не му прават добро. Многу родители чувствуваат вина, бидејќи многу работат и сакаат да го посветат своето слободно време на децата. Но, таквото однесување често резултира со емоционална и физичка исцрпеност.
Многу е важно да се остави време за себе, па макар тоа било и само 15 минути освежувачка, топла купка.