Непогрешливи факти за секој хороскопски знак | Овните – најлоши возачи, Близнаците – најчести пациенти, Вагите – најубави …

228

Ви нудиме да прочитате некои невообичаени факти добиени од статистиката и истражувањата поврзани со хороскопските знаци.

Дали сте знаеле дека најголем процент на победници во различни квиз натпревари се меѓу Близнаците, дека Скорпиите се најсреќни кога ќе падне ноќта, дека меѓу Вагите има најмногу убави луѓе, и дека навидум строгите Јарци се добри музичари?

Податоците на британската и германската Националната асоцијација на возачите сведочат дека Овните водат во бројот на автомобилските несреќи, а повеќето поп ѕвезди се родени во знакот на Лав!

Прочитајте повеќе слични факти во следниот текст:

ОВЕН

* 1. Овните не можат да се пофалат со особен успех во водење деловни преговори и во одржување на деловна соработка. Не толерираат муватори, нечесни луѓе, оние кои лажат, па без двоумење ќе им кажат што мислат за нив… и така ќе го прекинат односот.

* 2. Резултатите од истражувањето покажуваат дека малите Овни напредуваат во групата деца кои не се откажуваат од зададената цел. Дури и ако им се даде задача на која не се дораснати и при тоа изразите сомнеж во нивниот успех, нема да се смират сѐ додека не ја решат, и не ви го докажат спротивното.

* 3. Истражувањата покажуваат дека главните причини зошто Овните ќе ја раскинат врската се: рамнодушност на партнерот, предвидливост на однесувањето и недостаток на страст. Овие особини вљубените Овни ќе ги доживеат како ладен туш.

* 4. За причините кои довеле до распаѓање на бракот, Овните често наведуваат постојана контрола, изливи на љубомора и копање по џебовите од страна на нивните партнери.
* 5. Овните се најнестрпливите возачи. Податоци на британската и германската Националната асоцијација на возачи сведочат дека припадниците на овој знак водат во бројот на сообраќајни несреќи предизвикани од престигнување и непочитување на црвено светло.

* 6. Ќе ги препознаете по чекорите… Членовите на овој знак имаат држење натпросечно исправено, а чекорот е цврст и решителен. Иако ги мачи гихт се обидуваат да не одат згрбавено, а благодарение на честите прошетки живи се и активни до длабоката старост. Тие ретко ги посетуваат лекарите отколку припадниците на другите хороскопски знаци. Грипот и високите температури се нивните најголеми непријатели, а моќта на волјата и пркосот се најдобрите сојузници во борбата против болеста.

Продолжува на страна 3