Пет (не) пријатни теми за разговор со партнерот за подобар секс

1406

Хемијата помеѓу вас и партнерот е комбинација на емоционална и физичка привлечност и за да го одржите вашиот сексуален живот среќен и здрав -треба да зборувате на теми поврзани со сексот.

Еве кои се тие пет (не)пријатни теми за кои морате отворено да дискутирате :

1. Фантазии и фетиши

Вашиот партнер сака да биде врзан, а вие не? Или можеби ситуацијата е обратна? Добро е да бидете свесни за ваквите работи навреме за да не бидете шокирани подоцна. Зборувањето за сексуални фантазии и фетиши со вашиот партнер ќе ви овозможи да се запознаете со сите важни информации и да дознаете дали сте подготовени за нови сексуални авантури

2. Сексуална историја и тајни

Сексуално преносливи болести, сексуални нарушувања, медицинска историја … Овие се темите за кои треба отворено да разговарате со вашиот партнер затоа што во заеднички интерес е да откриете такви информации, доколку ги има. Овие теми не треба да ги избегнувате. Се разбира, не треба да разговарате со партнерот за секоја ситница од вашето минато, но важно е да зборувате за поголеми и поважни работи.

3. Желби и потреби

Никој од нас не може да чита мисли, а за сексуалниот живот да биде пријатен, партнерите треба да знаат што сака другиот. Зборувањето е неопходно за да се постигне тоа. Не размислувајте за можната непријатност, седнете со партнерот и разговарајте за сè што сакате или не ви се допаѓа или што сакате да експериментирате.

4. Колку често треба да имате секс?

Ова е еден од проблемите што често се јавува во врските, бидејќи има неусогласен сексуален нагон, односно едниот партнер, маж или жена, сака да има секс почесто од другиот. Не е доволно да се препознае овој проблем, туку треба да се зборува отворено. И двајцата партнери треба да ги споделат своите фрустрации и чувства. Зборувањето отворено за оваа тема може да ви помогне на патот кон меѓусебно сочувство и разбирање, а сето тоа може да резултира со поквалитетен секс во врската.

5. Омилени заеднички сексуални искуства

Ако долго време сте заедно, тогаш веројатно веќе знаете дека не секој секс е толку добар. Затоа е важно да се зборува за искуства што биле одлични. Од време на време, заедно потсетете се моментот кога сте имале фантастичен секс, а тоа ќе разбуди позитивно размислување и носталгија кај вас. Започнете разговор кажувајќи му на вашиот партнер омилена меморија, а потоа прашајте го истото. Еден таков разговор лесно може да доведе до повторување на ситуацијата за која дискутирате.