Потрошувачката на оризот, кој ни останува од ручек или вечера, може да предизвика труење со храна, ако не се чува правилно, предупредуваат експертите.
Причината е дека готвењето секогаш ги уништува патогените кои живеат на оризот. Овој ризик се зголемува кога ќе се остави да отстои на собна температура.
Во оризот бактеријата Bacillus cereus е широко распространета. Таа обично се наоѓа во почвата и храната, а некои нејзини видови се штетни за луѓето и може да доведат до прехранбена болест. Причината се преживеаните спори на бактеријата. Готвењето може да не ги уништи сите и кога оризот се чува на собна температура, откако веќе е зготвен, тие се размножуваат.
Средината во зготвениот ориз им обезбедува на спорите вода и хранливи материи кои им овозможуваат да се развиваат. Тогаш тие ослободуваат токсини, вклучувајќи и такви кои се отпорни на топлина.
Не е јасно колку точно се случаите на труење од оваа бактерија, но според податоците на студии таа е одговорна за околу 2% од случаите на прехрамбени болести.
Складирањето на оризот во фрижидер откако веќе е зготвен може да го елиминира овој ризик. Според истражувањето објавено во списанието Epidemiology and Infection, варениот ориз треба да се стави во фрижидер до два часа по неговата термичка обработка.



















