Дали знаете сè за сексот ? Прирачник за родители

1171

Ако забележите дека вашето дете поминува сè повеќе и повеќе време на компјутер или дека вашата ќерка по првиот сексуален контакт се плаши дека останала бремена, вистинско време е да разберете дека сексуалното образование не ви е силна страна и време е, колку-толку, да ја подобрите ситуацијата.

Затоа книгата Сè што никогаш не сте сакале вашите деца да знаат за сексот (но сте се плашеле дека ќе ве прашаат) е напишана со таа намера од Џастин Ричардсон и Марк Шустер од Универзитетот Харвард.

Наменета за родители, книгата следи различни фази од сексуалниот развој на децата, од најраните денови до пубертетот. Авторите го поврзуваат воспитувањето на децата во семејството и нивниот иден сексуален живот, но со еднаква сериозност укажуваат и на последиците до кои може да доведе ризичното сексуално однесување.

Иако има премногу прашања за сексуалноста во весниците, на телевизија и на Интернет, Ричардсон и Шустер сметаат дека нема вистински одговори кои би објасниле многу „незгодни“ теми, особено на младите.

Како што се вели во предговорот, интересното во овој прирачник се практичните и конкретни одговори на најпровокативните прашања. Значи, што е ран, а што доцен пубертет, што е флерт и „онлајн“ заведување, се само дел од поглавјата на овој корисен прирачник.

Исто така, посебно внимание се посветува на порно сајтовите, голема опасност за неискусните тинејџери. Родителите не треба да ги занемаруваат навидум бесмислените и неважни детски прашања, бидејќи во нив можат да се кријат важни дилеми на адолесцентите, велат авторите.

Понатаму советуваат да се елиминира осудата и префрлањето од листата на педагошки методи, но со дијалог да се дојде до најдоброто решение за проблемот.