“Блазе си ти, што си се омажила за папучар!”

599

Не драга, всушност – се омажив за вистинскиот човек!

Види вака драга моја, тоа што мојот човек го сметаш за папучар, многу кажува за тебе и за профилот на мажи кои те привлекуваат.

Најверојатно такво однесување си гледала во куќата каде што си порасната, па си научена дека е нормално за еден маж да биде само декорација во домот. Но, не е драга, верувај дека тоа не е нормално.

Јас навистина не сум виновна што во твојата мозок е вкоренето тоа дека вистинскиот маж е оној кој ќе те забремени, кој ќе работи, ќе гледа телевизија, и дека тоа е сиот негов придонес во неговото семејство. Или, пак, да удри со тупаница по масата кога нешто не е по негово. Камо среќа да е само малку … малку ми е жал за тебе, драга.

Гледаш, ти кажав дека мојот сопруг е папучар, затоа што учествува во куќата, учествува во неговото семејство, и со истотот поминува време. Тебе мојот маж ти е папучар, бидејќи не послужил само како приплоден бик, па отишол некаде подалеку да се налева со пиво.

Јас децата не ги раѓам за себе – туку за нас. Семејството не го создадов јас, туку ние двајцата.

Не сме се нашле случајно па да не знаеме што ни се случило. Тука сме многу, многу намерно.

Јас него не го фатив на бременост како во некоја тв сапуница, па да го мажам со сила, па сега треба да се валкам од среќа ако повремено ме погледне или не ги соблече чевлите на сред соба.

Сите обврски ги делиме, и тој “не ми помага”. Тој е полноправен член на семејството! Значи – во сè и треба да учествува, почнувајќи од деца, па сè до обврските околу куќата.

Да, мојот “папучар” знае како да користи правосмукалка, замисли ти тоа! Твојот “човек” дури ни врвките за чевли не знае како да ги врзе правилно, бидејќи од својата мамичка заминал со сè уште не симнати пелени, изгледа.

Кога велиш “блазе си ми” што имам папучар, не знам дали ми се потсмеаш или не (а веројатно се потсмеваш), но верувај ми, драга, треба да биде обратно: Ти си таа роб во својата куќа, на децата, на сопругот. Мене тоа не ми е за исмејување, ни најмалку. Уште повеќе, мене тоа ми е жално.

Утре, драга моја, ќе воспитуваш машко дете да биде суровина и мачо како што е тоа твоето “мажиште”, па не си ни свесна дека го учиш и тој, како и нековиот татичко, да биде само разгалена, неспособна, себична, стара фукара, која е во “брак, ама као демек живее”.

Тоа твоето не е маж, туку незрело момче.

Утре своето машко дете ќе го научиш да од својата сопруга направи роб. Или, ако одгледуваш женско, одгледуваш иден роб, и некој кој можеби на шлаканица ќе молчи. Дали навистина сакаш децата да ти израснат во такви луѓе?

Ако мислиш дека работи така треба да функционираат, тогаш ти препорачувам да измислиш времеплов и да се вратиш едно 140 години наназад. Среќно во правењето на овој изум, драга.