Еден ден со Тина на тема КОРОНАВИРУС

2751

Нашата естрадна ѕвезда Тина Алексовска, во последно време позната по анимација на гостите во гостилницата Лезет, на комичен начин опишува еден свој коронаден. Еве го нејзиното доживување:

Бев во самопослуга по храна. Дојдов дома, ги оставив кесите на маса, отидов во тоалет. Ги миев рацете 20 секунди со сапун и топла вода.

Земав сè од вреќите во кујна. Се сетив дека кесите се спуштаа по лентата на касата и милион луѓе со рацете ги допирале. Отидов во тоалет, ги миев рацете 20 секунди со сапун и топла вода.

Го земав паричникот од масата во кујна за да можам да го однесам во мојата соба. Несакајки ми се отвори и ситните парички ми паднаа на земја… Додека ги собирам си мислам дека само што допрев пари од милион луѓе. Отидов во тоалет, ги миев рацете 20 секунди со сапун и топла вода.

Време е да готвам. Го земам месото завиткано во хартија. Ја фрлам хартијата во ѓубре. Се сетив дека месарот го виткаше месото во таа хартија со рацете што претходно го завиваше месото за уште милион луѓе. Отидов во тоалет, ги миев рацете 20 секунди со топла вода и сапун.

Дојдоа моите, има ли нешто за ручек?

-Не, не стигнав.
-Сериозно? И што правеше?
-Ги миев рацете, цел ден. Јадете сендвичи… 😉

Се изнервирав, земав јакна и отидов на прошетка на сонце затоа што го штити витаминот Д од вирусот. Се упатувам кон лифтот, и не, не. 😉 Ми текна дека барем еден милион луѓе ја допреле вратата утрово. 🙁

Се симнав по скалите, безгрижно си летам околу гелендерот. Низ кој утрово се лизгале најмалку милион раце. Срање. 🙁

Се обидувам да ја отворам вратата со лактот. Тоа не оди. Едната е за кивање во лактот, другата е да се отвори вратата. Истата врата што ја отвориле милион луѓе утрово. Секако не со лактот.

Го чешам носот во истата секунда. Бидејќи сè што не можете да направите, морате. Срање…

Се вратив дома, ќе се јавам на бројот за вирусот да им поставам прашања што ме мачат.

Ѕвонам… ве молам, се јавувам за вирусот.

– Госпоѓо, сакате ли да ве поврземе со епидемиолог со него да зборите?

– Не, поврзете ме со психијатар. Со лактот, по можност, ви благодарам!