Ново швајцарско чоколадо смирува менструални болки

773

Ново швајцарско чоколадо помага при менструални болки, содржи 17 планински билки и помага за релаксирање, соопшти “Мирор”.

Крстено е како “Frauenmond”, што се преведува како “Женска месечина”, освен билки, чоколадото содржи и 60% какао.

Креаторот Марк Уидмор тврди дека оваа смеса од планински билки навистина помага при менструалните болки, додавајќи дека идејата за чоколадото се појавила пред 3 години, откако се запозна со швајцарско семејство кое произведува билен чај со истото име.

Уидмр работи со специјален билкар со месеци, за да успее да направи мешавина меѓу чоколадо и билки. Покрај намалување на болките, чоколадото го зголемува серотонин во организмот, што го подобрува расположението.