Секоја семејна задница треба да биде добро организирана. Таткото и мајката мораат заедно да ги проучуваат своите одговорности и свесно да прифатат одредена задача.
Не смее да има несогласувања. Во присуство на своите деца таткото и мајката никогаш не треба да ги критикуваат плановите и размуслувањата еден на друг.
Ако мајката нема искуство во познавање на моралот, таа треба да размисли дали некоја нејзина постапка ќе ги зголеми татковите тешкотии додека работи на нивното спасение.
Ако родителите во нешто не се согласуваат, нека се повлечат од своите деца додека не се усогласат.
Често родителите не се согласуваат во водењето на своите семејства. Таткото кој е многу малку со своите деца и ништо не знае за нивните склоности е груб и строг. Тој не управува со својата природа туку остро казнува. Детето го знае тоа и наместо да биде смирено, казната го исполнува со гнев. Мајката пропушта да го казни детето за некој прекршок за подоцна истиот стрго да го казни. Децата никогаш не знат што ги чека и доаѓаат во искушение да дознаат до каде можат така да посапуваат, а да не бидат казнети. Така е посеано семето на зло кое расте.
Ако родителите се единствени во овој дел на воспитувањето, детето ќе знае што да се очекува од него. Меѓутоа, ако таткото, со зборови или со поглед покажува дека не ги одобрува мајчините воспитни постапки, ако смета дека таа е премногу строга и се обидува да ја замени нејзината строгост со нежност и попуштање, ќе го упропасти детето. Детето набрзо ќе сфати дека може да прави с ѐ што ќе посака. Родителите кои го прават ова, ќе бидат подоцна виновни за нивниот неправилен психички развој.
Семејствата каде што нема слога помеѓу родителите, спаѓаат во лошо управувани смеејства. Затоа, внимавајте, влијанието на вашиот однос е од пресудно значење за изградување на детскиот карактер.
(Преземено од книгата „Среќниот дом“ од Елена Вајт)
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување



















