Мед од Манука, најскапиот мед во светот

437

Благодарение на трендингот на манука медот, неговата цена значително се зголеми – од 20 долари на 100 долари, во зависност од квантитетот и квалитетот на самиот мед.

Викторија Бекам и Ким Кардашијан ја зголемија популарноста, користејќи го овој мед во своите маски за лице.

Но што навистина претставува манука медот и што го прави поразличен од другите?

Што е Манука мед?

Манука медот го создаваат пчелите кои ги опрашуваат манука грмушките. Ова специфично растение најмногу успева во Нов Зеланд и Австралија, сепак етикетирањето на манука медот како австралиски е навистина контраверзно посебно поради тоа што манука грмушките се присутни и во Нов Зеланд.

Без разлика од каде ќе го набавите манука медот, постојат неколку карактеристики кои го двојат од останатите типови на медови. Станува збор за антибактеристакта дејност која ја содржи овој мед и која помага при рани, третирање на воспалено грло и дигестивни проблеми.

Зошто манука медот е прилично скап?

Високата цена доаѓа поради поголемата побарувачка, а значително малите залихи од манука медот.

Имајќи во предвид дека овој мед потекнува од растение кое расте само на определени предели во светот, нормално е манука медот да биде редок продукт. Секогаш треба да знаете дека постои разлика и меѓу самите манука медови. Па така манука медот со повисоки нивоа на активни состојки секогаш ќе ве чини повеќе.

Внимавајте кога сакате да набавите манука мед. Цената е навистина голема, но сепак резултатите се уште поголеми, па поради тие причини пазете да не ви биде подметнат некој друг мед.

Секогаш кога купувате Манука мед, треба да припазите и на УМФ рејтингот. МГО рејтингот и НПА рејтингот. Немојте да ве прелажат марки на манука мед кои комбинираат различни состојки со цел да го прикријат нискиот НПА рејтинг. Во однос на рејтинзите, секој рејтинг е утврден согласно светска здравтсвена организација, при што секогаш треба да гледате на повисоки нивоа на овие рејтинзи.

Во однос на светските познати диетичари кои пропагираат здрава храна наведуваат дека манука медот е навистина здрав, но не е лекот за се. На крајот од денот, станува збор за шеќер, и покрај тоа што е природен, никогаш не треба да заборавте да го внесувате во мали количевства.