Брз тест | Брзо препознавање на мозочен удар

2145

Мозочниот удар е брзо губење на мозочните функции поради нарушување на дотокот на крвта во мозокот. Може да се појави како резултат на исхемија (недостаток на проток на крвта) предизвикана од блокада (тромбоза, артериска емболија) или поради крвавење (истекување крв).

Како резултат, погоденото подрачје на мозокот не може да функционира, што може да резултира во неможност на човекот да помрдне еден или повеќе екстремитети на зафатената страна, неможност да се разбере говорот или формулирањето на зборовите, неможност да гледа на едната страна од видното поле.

Вообичаени знаци на мозочен удар

Видот и сериозноста на симптомите на мозочниот удар зависат од подрачјето на мозокот на кој влијае.

Знаците и симптомите на мозочен удар кај мажите и кај жените може да вклучуваат:

  • Ненадејна вкочанетост, слабост или неможност на движење на лицето, рацете или нозете (особено едната страна од телото)
  • Збунетост
  • Проблеми со говорот и разбирање на говорот
  • Проблеми со видот во едното или во двете очи
  • Вртоглавица, проблеми со одењето или губење на рамнотежата или координацијата
  • Ненадејна, силна главоболка (честопати опишана како „најлошата главоболка во мојот живот“)
  • Проблеми со дишењето
  • Губење на свеста

БРЗ ТЕСТ

Продолжува на страна 2