Луѓето кои прележале коронавирус заштитени се до три месеци

988

Американскиот центар за контрола и превенција на болести неодамна ги ажурираше своите упатства и објавија дека оние кои преживеале Ковид-19 можат со сигурност да се движат и да се дружат со други луѓе три месеци, пишува Њујорк Тајмс.

Во јуни, една студија покажа дека нивото на антитела може да се намали за два до три месеци кај лица со потврдена инфекција кои имаат благи симптоми или воопшто немале.

Меѓутоа, антитела сè уште може да бидат присутни на ниско ниво, вклучително и под нивото на откривање.

Најновите насоки на американскиот Центар одат малку подалеку.

„Луѓето кои тестирале позитивно за коронавирус не треба да бидат ставени во карантин или повторно да се тестираат до три месеци ако повторно не развијат симптоми“, се вели во упатствата.

„Оние кои повторно пројават силни симптоми во рок од три месеци по првото појавување на Ковид-19, можеби ќе треба да бидат проверени доколку нема друга причина за нивните симптоми“.

Другите коронавируси, вклучително и оние кои предизвикуваат САРС и МЕРС, имаат антитела за кои експертите веруваат дека траат околу една година. Во раните денови на ширење на новиот коронавируст во САД, научниците се надеваа дека антителата на овој вирус ќе траат барем толку долго.