Иран ја осуди популарната двојка на 16 години затвор и камшикување поради објави на Инстаграм

1292

Двојката има речиси 1,5 милиони следбеници на Инстаграм. Моин – Ширази, познат како Пикасо Моин, е поранешен светски првак во кик бокс и претприемач. Осуден е на 9 години затвор.

Ирански суд ја осуди брачната двојка инфлуенсери на вкупно 16 години затвор, 74 удари и парична казна.

Ахмад Моин – Ширази, кој сега живее во егзил со сопругата Шабнам Шахрохи и двете децам на 29 април на Инстаграм напиша дека тој и неговата сопруга се осудени во отсуство поради наводни „пропаганди против режимот“, поради „вулгарните“ статуси на социјалните медиуми и зошто пропагирале корупција.

نمیدونم چرا جدیداً انقدر بحث سر تجرد و تأهل بالا گرفته؟ یکی به مجلس پیشنهاد میده که برای مجردها جریمه درنظر بگیره! یک…

Gepostet von Picasso Moin am Donnerstag, 2. Juli 2020

Пишувале за спорт, социјални теми и семејство

Моин – Ширази и неговата сопруга го напуштија Иран во септември 2019 година и побегнале во Турција. Имено, пред тоа во повеќе наврати се обвинети за шпионажа, властите ги предупредувале на нивните објави во медиумите и дека еднаш дури и кратко завршиле во притвор, пишува Радио Фарда.

Двојката има речиси 1,5 милиони следбеници на Инстаграм. Моин – Ширази, познат како Пикасо Моин, е поранешен светски првак во кик бокс и претприемач. Осуден е на 9 години затвор. Вели дека иранските власти порачале дека не смее да ги објавува своите политички ставови, дури ни фотографиите на кои е неговата сопруга без хиџаб (марама која ѝ ја покрива главата).

Gepostet von Picasso Moin am Mittwoch, 19. Februar 2020

Осуден на 7 години затвор и 74 удари

Шабнам Шахрохи е осудена поради своите објави на Инстаграм на 7 години затвор, 74 удари (веројатно со камшик или стап) и 3 месеци неплатена работа за општината. На социјалните медиуми објавувала свои фотографии на кои се гледа дека во станот тренира кик бокс или вежба, сама или со сопругот. Пишувала и за бременоста, своите деца, понекогаш за социјални или политички теми, а повремено рекламирала производи за бебиња или кампањи на хуманитарни организации.

Gepostet von Shabnam Shahrokhi am Sonntag, 23. Dezember 2012

Иранските власти често ги казнуваат оние лица кои преку социјалните медиуми влијаат на заедницата на нетрадиционален начин. Така во октомври 2019 година ја уапсија 22-годишната Сахар Табар, позната по морбидните видеозаписи и фотографии, како оние на кои изгледа како зомби верзија на Анџелина Џоли. Таа и сега се наоѓа во затвор. Мораше да се појави на државната телевизија и да „признае“ богохулење и дека страда од ментално нарушување.

ببخشيد سحر تبر رو فرستاديد دادگاه؟!؟!؟ آخه به چه جرمى دقيقاً؟ من صفحه سحر تبر رو دو سال پيش بلاك كردم! خب مخاطب مطالبش…

Gepostet von Picasso Moin am Sonntag, 29. Dezember 2019