Носите ли удобни чевли?

119

Какви ви се чевлите, таква ви е главата, вели една поговорка.

Многу често жените знаат да погрешат со проценките и да влезат во неудобни потпетици, но по долгото практикување на едни исти обувки, може да се изгуби чувство, што всушност носите и ви одговара ли на ваште стапала.

Еве како да препознаете дека не ви се соодветни чевлите:

1. Oд средно до денес не го сменивте бројот

Во текот на години стапалата се спуштаат и се шират. Затоа како што старееме потребно е постепено да го зголемуваме бројот кој го носиме.

2. Прстите ви го допираат врвот од чевлите

Потребно е да имате барем неколку милиметри простор меѓу прстите и врвот на чевлите. Мора слободно да можете ги мрдате прстите.

3. Имате плускавци и подраснати нокти

Овие повреди значат дека чевлите ви го иритираат стапалото на местата каде што се појавуваат. Притисокот кој чевлите го прават може да ја стврдне кожата, па најчесто тоа резултира со плускавци или мртво месо. Уште при првите симптоми треба да побарате нов пар штикли или патики, затоа што овие воспаленија лесно се прошируваат и стануваат хронични.

4. Умирате од болка кога ќе се вратите дома и ќе ги соблечете обувките

Ако чевлите ви се големи и не им овозможуваат потпора на стапалата или пак ви се претесни и нозете ви се стиснати во нив, како мислите да не чувствувате болка. Големите чевли се подеднакво штетни, затоа што нозете го скратуваат секој чекор и го грчат секој мускул со напор чевлата да остане на ногата и да не се лизне. Посебно внимавајте на ова.

5. Сите патики имаат рок на траење

Треба да знаете дека патиките имаат рок на траење. Ако одите по 15-тина километри неделно, тогаш патиките мора да ги менувате на 9 до 12 месеци. Ако одите повеќе од 15 километри неделно, тогаш тие се износени по само 4 до 6 месеци. Прв знак по кој ќе го забележите тоа е навалувањето на стапалото на една страна.