Астрономите веруваат дека може да постои планета погодна за живот, лоцирана во близина на сонцето што умира.
Доколку ова се потврди, тоа би било првпат да е пронајдена планета која би можела да поддржува живот во орбитата на таканареченото „бело џуџе“.
Планетата е откриена во „населлива зона“ на ѕвездата, каде што не е ниту премногу студено ниту премногу топло за да се одржи живот.
Студијата е објавена во месечните известувања на Royal Astronomical Society.
Професорот Jay Farihi од University Collegea во London, водач на истражувањето, изјави дека откритието е сосема ново за астрономите.
Ова е прв пат да се види нешто во зоната на бело џуџе, погодно за развој на живот. И затоа постои можност животот на планетата да се врти околу него, рече Farihi.
Додека многу големите ѕвезди стануваат црни дупки кога ќе умрат, помалите, како нашето Сонце, стануваат бели џуџиња или ѕвезди кои го потрошиле целото нуклеарно гориво и ги изгубиле своите надворешни слоеви. Белите џуџиња обично се со големина на планети и испуштаат синкасто бела светлина по формирањето.
Се верува дека можната планета, која е оддалечена 117 светлосни години од Земјата, е 60 пати поблиску до ѕвездата отколку нашата планета до Сонцето.
Научниот тим нема директен доказ за постоењето на оваа планета, но движењето на 65 структури со големина на Месечината кои орбитираат околу зоната на белото џуџе, сугерира дека таа постои. Растојанието на една структура од друга не се менува, што сугерира дека тие се под влијание на гравитацијата на блиските планети.
Тоа беше шок за тимот. Движењето беше толку страшно прецизно што такво нешто не може само да се измисли, рече проф. Farihi.

Населливата зона е појас околу ѕвезда во која би можела да постои течна вода на планетата и да поддржува живот. Ако планетата е премногу блиску до ѕвездата, ќе биде претопло, а ако е предалеку, премногу студено, додека внатре во таа зона условите се „токму вистински“.
Овие нови резултати од истражувањето треба да ги поттикнат астрономите активно да бараат директни докази за планети околу белите џуџиња.
Извор: BBC



















