НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА ! Научниците објавија подобрена верзија на сликата од црната дупка | Фото

986
Црната дупка M87 објавена во 2019 година (лево) и ажурирана (десно) објавена на 13 април 2023 година во Astrophysical Journal Letters. /AP

Научниците денеска претставија нова и подобрена слика на црната дупка, користејќи алгоритми за реконструкција на слики за да ги пополнат празнините на оригиналната слика, пишува Reuters.

Според агенцијата, објавувањето на првата слика од црна дупка во 2019 година било претставено како значајно научно достигнување, но сликата била делумно матна.

Светлосниот прстен што се гледа на сликата е всушност половина од оној што се гледа на претходната, пренесува Reuters. Сликата не е подготвена за холивудски научно-фантастичен блокбастер, но е подобрување во однос на верзијата од 2019 година, според агенцијата.

Оваа супермасивна црна дупка се наоѓа во галаксијата М87, на околу 54 милиони светлосни години од Земјата. Светлосна година е растојанието што светлината го минува за една година – 5,9 трилиони милји (9,5 трилиони км). Оваа галаксија, со маса од 6,5 милијарди пати поголема од нашето Сонце, е поголема и посветла од нашиот Млечен Пат, пишува Reuters.

– Со љубов ја нарекувам претходната слика како „портокалова крофна“, а оваа слика ја нарекувам „слаба крофна“, што звучи неверојатно невкусно. Зборувавме и за „диететски крофни“, што е подеднакво грубо“, вели астрофизичарката Лиа Медеирос од Институтот за напредни студии во Принстон.

Таа рече дека таа и нејзините колеги ќе ја користат истата техника за да ја подобрат сликата на друга црна дупка што беше објавена минатата година. Таа црна дупка се наоѓа во центарот на Млечниот Пат и се вика Стрелец А*.