3 МЕСЕЦИ ПРЕД МОЗОЧЕН УДАР СЕ ПОЈАВУВААТ 5 ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ ! Ова не смеете да го игнорирате

1600

Мозочниот удар е болест предизвикана од прекин на протокот на крв во одреден регион на мозокот.

Лекарите предупредуваат дека симптомите слични на мозочен удар се појавуваат брзо и важно е да не се игнорираат.

Неговите симптоми се слични на она што би се сметало за мозочен удар, но единствената разлика е во тоа што тие не доведуваат до трајно невролошко оштетување, објаснува д-р Ахмед Итрат, директор на медицината за мозочен удар во Кливленд Клиниката Акрон Генерал.

Меѓу симптомите на кои треба да внимавате се:

  • Промени во рамнотежата или губење на рамнотежа
  • Промени во видот како заматување
  • Губење на видот или двојно гледање
  • Спуштање на лицето на едната страна
  • Неможноста на лицето да се насмее или устата или окото му паѓаат
  • Неможност да се подигнат двете раце и да се држат подигнати поради слабост или вкочанетост на едната рака
  • Нејасен или искривен говор или неможност за зборување, но и проблеми во разбирањето на говорот

Ако забележите некој од овие симптоми, важно е да се јавите во брза помош или веднаш да го посетите вашиот лекар.

Може да почувствувате комбинација од овие симптоми или само еден, затоа не чекајте да се појават повеќе од еден знак.

Да потсетиме, луѓето со крвна група А имаат дури 16 отсто поголеми шанси да добијат мозочен удар пред 60-тата година од животот.