СЕКОЈА ЧЕСТ | Англичанец продолжува да собира пари за да го врати лицето на малиот Стефан од Босна/Фото

290

Откако минатата година донираше 100.000 фунти за операција на Стефан Савиќ кој боледува од деформитет на лицето, поранешен војник Вејн Инграм (45) продолжи да му помага со цел да се врати побрзо во нормален живот.

Поранешен војник Вејн Инграм (45), кој минатата година му помогна на Стефан Савиќ, момче од Босна, за операција на лицето која го чинеше 100.000 фунти, сега се подготвува за нова акција.

Тој во Дорсет, Англија, ќе помине една недела во шатор со залихи на вода и храна за само еден ден.

– Многу сум возбуден. Ова до сега не сум го правел. Со себе ќе имам само мала торба со храна и вода. Мојата сопруга Кара, како и моите две девојчиња Фреја (8) и Лили (5) се нервозни околу целата работа и се обидуваат да ме убедат да се откажам од целиот потфат – изјави Вејн.

Во текот на оваа недела, неговата здравствена состојба ќе ја следат професорот Мајк Тимптом и д-р Џои Кастело.

– Ние ќе го следиме во текот на седум дена и се надевам дека неговите витални функции нема многу да се оштетат.

Да потсетиме, Вејн Инграм пред десет години го запозна Стефан Савиќ, кој тогаш имал четири години, додека бил во мировната мисија во Источна Европа.

Стефан е роден со голем деформитет на лицето, ретка болест поради што неговите очи се разделени многу повеќе отколку кај другите луѓе, а нос речиси и да немал.

По 12 часа операција Стефановите проблеми конечно завршија. Хирургот успеал да му ги приближи очите и да му направи нов нос. Сепак, на момчето му е потребна уште една операција за да може нормално да дише.

– Покрај двете ќерки имам и два сина. Јас едноставно не можев да ги игнорирам Стефановите проблеми и да не се обидам да му помогнам. Веднаш знаев дека мора да сторам сé за да му помогнам – рече Инграм.

Сите кои сакаат да се приклучат на оваа хумана акција на Вејн Инграм и да му помогнат на Стефан, можат тоа да го направат тука: www.justgiving.com

(Dailymail.co.uk)