And the Oscar Goes to … „Green Book“ – Lady Gaga за „Shallow“ … | Видео

212

Филмот „Зелена книга“, вистинска приказна за црн пијанист, ја освои главната награда на американската Академија за филмски уметности – Оскарот за најдобар филм.

Мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, кој веќе има освоено Оскар за најдобар режисер во 2014 за остварувањето „Гравитација“, и оваа година ја доби наградата во истата категорија за филмот „Рома“. Филмот доби и Оскари за најдобар странски филм и за фотографија.

Најдобра актерка е Оливија Колман за улогата во филмот „Миленичка“, а Оскарот за најдобар актер го освои Рами Малек за толкувањерто на Фреди Меркјури во „Боемска Рапсодија“.

Доделувањето на Оскарите во Долби театарот го одбележа дуетот на Лејди Гага и Бредли Купер кои во живо ја изведоа баладата „Shallow“ од филмот „Ѕвездата е родена“, која освои Оскар за најдобра пресна.

Во продолжение добитниците на Оскари во неколку категории:

Најдобар филм – „Green Book“

Режисер – Алфонсо Куарон за „Roma“

Актер – Рами Малек за „Боемска Рапсодија“

Актерка – Оливија Колман, „Миленичка“

Актер во споредна улога – Махершала Али „Green Book“

Актерка во споредна улога – Реџина Кинг „If Beale Street Could Talk“

Оригинално сценарио – „Green Book“

Адаптирано сценарио – „BlackKklansman“

Странски филм – „Roma“

Долгометражен анимиран филм – „Spider-Man: Into the Spider-Verse“

Звук – „Боемска Рапсодија“

Визуелни ефекти – „First Man“

Филмска монтажа – „Боемска Рапсодија“

Краткометражен анимиран филм – „Bao“

Краткометражен документарец – „Period. End of Sentence.“

Оригинална песна – „Shallow“ од „Ѕвездата е родена“

Кинематографија – „Roma“

Костими – „Black Panther“

Шминка и фризура – „Vice“

Долгометражен дукоментарец – „Free Solo“