“За 10 години земјата ќе влезе во малото ледено доба” | Со 97 % сигурност следи глобално заладување!

329

Ако се за верување предвидувањата на научниците од британскиот Универзитет во Нортамбрија, Земјата за 10 години ќе влезе во мини ледено доба, што ќе се карактеризира со екстремно ладни зими и ќе трае 11 години.

Експертите дошле до ваквите тврдења врз основа на новиот модел на Соларната активност, за кои велат дека создава сосема точни и прецизни предвидувања.

Движењето на течност во внатрешноста на Сонцето, за кои се тврди дека создаваат 11-годишен временски циклус, наводно, ќе биде таква што ќе доведе до драматични намалување на температурата на воздухот во текот на 2030-те години. Соларната активност, тврди професор Валентина Жаркова, ќе падне за дури 60 % со оглед на тоа дека два флуидни бранови практично ќе се поништат еден со друг.

Жаркова, како што пишува Daily Telegraph, одржа презентација за своите смели тврдења на астрономската конвенција во Wales, а на собраните им ја изнесе тезата дека за време на наводното претстојно глобално заладување, климатските услови би биле споредливи со екстремните студови од крајот на 17 век.

“Во циклусот од 2030 до околу 2040 година, два флуидни брана ќе бидат буквално еден наспроти друг – максималноста ќе им биде во исто време, но на различни хемисфери на Сонцето”, објасни таа и и додаде дека интеракцијата на двата брана ќе биде таква што ќе доведе да нивно меѓусебно поништување.

“Очекуваме дека тоа ќе доведе до Maunder-ов минимум”, додаде Жаркова.

Edward Walter Maunder бил англискиот астроном кој, меѓу другото, утврдил дека меѓу 1645 и 1715 година се појавувале многу малку Сончеви пеги (околу 50 пеги во 30 години) и дека имало неколку забележувања на поларна светлина (Maunder- ов минимум), што во Европа било придружувано со т.н. малото ледено доба.

Во исто време, на пример, редовно се замрзнувала Темза која можела да се премине. Жаркова спомнува дека слично би можело да се случи повторно и во мини леденото доба чиј почеток се најавува за 2030 година.

Научникот тврди дека моделот на кој се базираат предвидувањата досега покажуваат 97% точност.