Времето поминато во барови или ресторани го зголемува ризикот од инфекција со коронавирус

945

Времето поминато во барови или ресторани го зголемува ризикот од инфекција со коронавирус, објавија француски научници, а поканата на пријатели или семејство на ручек во вашиот дом исто така игра клучна улога во ширењето на инфекцијата.

Најновото истражување е дополнителен доказ дека дружењето и одењето во ресторани се многу поопасни од другите активности како што се користење јавен превоз или шопинг, пишува француската новинска агенција АFP.

Резултатите од студијата беа објавени во време кога Европа и САД се соочуваат со се поголем број луѓе кои страдаат од КОВИД-19 на почетокот на сезоната на празници, што обично е обележанa со забави и семејни собири.

Научниците од Францускиот институт „Пастер“ испитале по кои фактори како професија, начин на транспорт, места што ги посетувале ги разликуваат луѓето кои биле заразени со коронавирус од оние кои не се.

Забележале дека зголемениот ризик е поврзан со одење во барови и ресторани, изјави авторот на студијата Арно Фонтанет, епидемиолог и член на научен совет што ја советува владата.

Студијата сè уште не е подложена на научен преглед.

Анкетата беше спроведена во октомври и ноември за време на почетниот период на ограничување на движењето, а потоа и за време на построгите мерки на ограничување во кои многу локали беа делумно или целосно затворени.

Фонтанет за АФП изјави дека бидејќи баровите и рестораните не работат на вообичаен начин, тешко е да се прецизира нивната улога во ширењето на болеста и призна дека затворањето на тие деловни активности е чувствително прашање.

Француските кафулиња и ресторани останаа затворени дури и откако беа укинати ограничувањата на целата држава претходно оваа недела.

Истражувачите испитале 3.400 лица заразени со коронавирус и други 1.700 кои не се заразиле.

Откриле дека одењето во ресторани, барови или спортски сали е поврзано со зголемен ризик од инфекција, додека употребата на јавен превоз и одење во продавници не се поврзани со зголемен ризик.

Здравствените власти ширум светот ги советуваат луѓето да избегнуваат ограничени простори, а меѓу научниците постои растечки консензус дека новиот коронавирус може да се шири во ситни облаци од честички познати како аеросоли кои се акумулираат во слабо проветрени места.

Една студија спроведена во септември од страна на Центрите за контрола и превенција на болести на САД покажа дека возрасните позитивни на коронавирус имаат двојно поголема веројатност да бидат во ресторан за ручек во претходните две недели во споредба со луѓето со негативен резултат на коронавирус.

Во ноември, според студијата објавена во списанието „Nature“, рестораните, спортските сали и кафулињата претставувале најмногу заразени со коронавирус во САД.

Користејќи податоци за мобилни телефони од 98 милиони луѓе, истражувачите откриле дека околу 10% од локациите се поврзани со повеќе од 80% случаи на коронавирус.

Француско истражување спроведено од Фонтанет се обиде да утврди различни околности на инфекцијата со проучување на податоците за здравствено осигурување на 25.600 заразени лица.

Откриле дека „оброците играат централна улога во овие инфекции“ затоа што луѓето седат блиску еден до друг без маски.

Приватните собири, семејството, пријателите се главниот извор на инфекција, вели Фонтанет, нема разлика помеѓу јадењето со пријателите во вашиот дом и одењето во ресторани.

Научниците ја нагласуваат важноста од организирање вакви собири на најбезбеден можен начин за заштита на најранливите групи за време на празниците.