25 Мај | Денот на младоста

3167

Денот на младоста беше воведен во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) по иницијатива на младината на Крагуевац.

Главниот симбол на празникот беше Штафетата на младоста, која беше носена еден и пол месец на територијата на цела Југославија и на 25 мај му беше предавана на Тито на свеченост организирана на стадионот на ЈНА во Белград.

Носачите на Штафетата на младоста беа примерни млади луѓе – најдобрите ученици и студенти, млади работници, истакнати спортисти, односно оние младинци кои се истакнувале со своите напори и успеси.

Штафетата на Тито му беше предавана сѐ до неговата смрт во 1980 година, но нејзиниот живот продолжи и потоа. Ја наследија претседателите на тогашниот Сојуз на социјалистичката младина на Југославија, кои ја примаа како симбол на љубовта и предаденоста на Титовото дело сѐ до 1987 година.

“Народ кој има ваква младина нетреба да се плаши за својата иднина” – Тито

Среќен празник младинци ширум цела Македонија и поранешна Југославија.

Секое минато носи свои спомени…

Среќен сум што времето во кое растев,школував,бев активен , ми го трасираше вистинскиот пат по кој и ден денес чекорам без никакви предрасуди спрема никого, ме научи да бидам цврст при секоја одлука и најбитно да го почитувам секого.

Чекорам цврсто,чекорам смело,подавајќи рака на секого.

Донче Нацев