Ненаспаноста е еднаква на пиење алкохол

1197

Непроспиените ноќи се еднакви за организмот на неколку промили алкохол во крвта, покажува новото истражување објавено во “Гардијан”.

Една третина од Американците спијат помалку од препорачаните седум часа спиење. Според психолозите во бурното секојдневие дури не ни разбираме каква штета му нанесуваме на организмот.

За да ја објаснат оваа теорија, научниците ја споредија ненаспаноста со конзумирањето алкохол. Резултатите покажуваат дека за организмот работата по непроспиени ноќе е иста како на бирото во канцеларијата да се наредени неколку шота.

Токму поради тоа возењето е опасно не само по пиење на алкохолни пијалоци, но и по ненаспаност.