Најголемиот акцелератор на честички во светот повторно пуштен во работа | Фото/Видео

2005

ПАРИЗ – Големиот хадронски судирач, најголемиот акцелератор на честички во светот, лоциран во близина на Женева, повторно е ставен во функција по пауза повеќе од три години, при што неговата моќност се зголемила.

„Денеска напладне заокружив два снопови протони (честички на атомското јадро) во спротивни насоки долж прстенот на Хадронскиот Колајдер долг 27 километри“, соопшти Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН).

Закопан 100 метри под земја на француско-швајцарската граница, џиновскиот прстен е во технички застој од декември 2018 година поради работи за одржување и подобрување, пренесува Бета-Франс прес.

Забрзувачот на честички на ЦЕРН или Големиот хадронски судирач, недалеку од Женева, бил искористен за откривање на долготеоретизирана субатомска честичка позната како Хигсов бозон, без која честичките не би можеле да се залепат и без која нема да има материја.

Работата на акцелераторот за прв пат беше прекината во февруари 2013 година поради чистење и ремонт.

Откривањето на Хигсовиот бозон им ја донесе на научниците Франсоа Англер и Питер Хигс Нобеловата награда за физика во 2013 година.

Физичарите веруваат дека Хигсовиот бозон е клучот за објаснување на структурата на елементарните честички, односно дека ја потврдува теоријата на Стандардниот модел во физиката на елементарните честички.