Јагнешкото или сакате или не, но многумина се подготвени да го пробаат и да му дадат шанса, но ги одбива специфичниот мирис на ова месо.
Ручекот за Велигден е вистинска свечена церемонија и домаќинките даваат се од себе да ги воодушеват сите блиски. Најчесто се започнува со домашна супа или чорба, а според обичаите се замесува дел од велигденските погачи како пинка, милипрота или леб, а продолжува со мезе, разни салати и месо.
Јагнешкото или сакате или не, но многумина се подготвени да го пробаат и да му дадат шанса, но ги одбива специфичниот мирис на ова месо. Сепак, таквиот мирис може да се неутрализира со начинот на подготовка, па за секој е вистинска радост што може да се почести со слатко парче месо.
Мекоста и сладоста на јагнешкото месо се навистина уникатни, па навистина е штета да не го најдете на вашата празнична трпеза.
Потребно
- 4 кг јагнешко (дел од месо по избор, по можност рамо)
- 1,5 кг компири
- 3 лажици сол
- 1 лажица пиперка
- 4 чешниња лук
- 1 лажичка рузмарин
- 3 ловорови листови
- 2 литри млеко
- 100 мл маслиново масло
Подготовка
- Измешајте маслиново масло, сецкан лук, магдонос, рузмарин, бибер и ловоров лист. Јагнешкото убаво измијте го, а потоа парчето или парчињата исушете ги со кујнска крпа.
- Посолете го месото, па прелијте го со маринадата со маслиново масло и добро истријте го. Оставете да отстои два часа.
- Ставете го месото во шерпата и прелијте го млекото да кисне, ставете го на оган и кога млекото ќе зоврие намалете ја температурата и варете го покриеното месо околу еден час, внимавајќи да не зоврие.
- После тоа време, извадете го месото од млекото, добро намачкајте ја подлабоката тава и наредете ги излупените компири исечени на половина, па одозгора ставете го јагнешкото и прелијте половина од млекото во кое се сварило месото.
- Јагнешкото печете го околу два часа на 180 степени.
Послужете со сезонска салата, варени јајца, леб и уживајте!