Колку поранешни партнери е добро да има човек без да се чувствува неискусен и во исто време да не го преминува прагот на промискуитетните врски проценуваат британски научници од Универзитетот во Суонси, Бристол и Нотингем.
Експертите дошле до заклучок дека идеалната бројка за поранешните партнери и од двата пола се крие во бројот три.
За целта истражувачите сослушаа 188 лица, 1/4 од кои биле претставници на понежниот пол. Од одговорите на анкетираните станало јасно дека ниту мажите ниту жените сакаат да бидат партнери со целосно чесни половинки или со премногу промискуитетни.
Жените губат интерес кон мачовци кои пред нив имале над шест сексуални партнерки.
Мажите биле “повеликодушни” и биле подготвени да се со дами кои сепак немале повеќе од 11 интимни пријатели.
Значи ова истражување го урна митот дека жените се толерантни кон бројот на претходните сексуални партнерки на партнерот, пишува “Metro”.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















