Еве како да престанете да ги одложувате обврските

1512

Обично работите вака се одвиваат: имаме задача, знаеме дека имаме доволно време да ја завршиме, се релаксираме и одеднаш, сфаќаме дека немаме време, крајниот рок пристигнал и работите ги правиме неквалитетно и под стрес.

А, најлошата работа од сето тоа е што секојпат си велиме: „од утре нема вака, од утре сè ќе си почнувам навреме“…

Научниците велат дека постојат неколку главни причини заради кои ги одложуваме работите:

  • Се плашиме дека без разлика на сè, нема да бидеме доволно добри.
  • Научени сме да работиме многу работи наеднаш.
  • Ја преценуваме сопствената сила
  • Премногу работиме и немаме волја да започнуваме нови работи

Поминуваме часови во насочување на вниманието на други работи, ја губиме визијата за тоа кои се нашите цели и на датумот кога веќе треба да имаме завршено одредена работа сме разочарани, гневни, фрустрирани и избезумени, а со тоа и помалку продуктивни.

Според психолозите Дајен Тајс и Рој Џеј Баумајстер, одложувањето на обврските е навика во која уживаме моментално, но скапо плаќаме подоцна.

Некои од најголемите негативни ефекти на одложувањето на обврските се:

  • Депресија
  • Ниска самодоверба
  • Анксиозност
  • Стрес
  • Нереални очекувања (пример, дека ќе бидеме продуктивни до самиот краен рок)

Но, како што се чини, постои систем кој може да ни помогне да избегнеме одложување на обврските додека не пристигне нивниот краен рок.

Продолжува на страна 2