Една 60-на жена ќе стане мајка на своeто внуче

276

Госпоѓа “М”, која има 60 години наскоро би можела да стане мајка на своeто внуче. Таа планира да ги искористи замрзнатите јаце клетки на својата покојна ќерка и да забремени.

Анонимната Британка, позната како госпоѓа “М”, ја изгубила ќерката во 2011 година. Младата жена починала од карцином на 28 години, ден откако требало да ги потпише документите со кои одобрува нејзината мајка да стане сурогат мајка на нејзините деца.

Госпоѓата “М” сакала да и ја исполни последната желба на својата ќерка, и поднела барање за преземање на нејзините јајце-клетки, кои потоа ќе се оплодат со сперма од непознат донор и ќе се подложи на процесот на вонтелесно оплодување.

Судот пет години го одбивал ваквото барање, но на крајот Апелациониот суд одобрил “М” да стане мајка на своите внучиња, пренесуваат британските медиуми.

“Ова беше неверојатен и исклучително тежок случај”, истакнале во Алепациониот суд. Госпоѓа “М” и нејзиниот сопруг се пресреќни поради ваквата одлука. “Се надевам дека и други, кои се нашле во ваква или слична ситуација како и ние, сега ќе можат на некој начин да ја ублажат тагата низ која поминавме и ние”, изјавила госпоѓа “М”.