Решиле да не се венчаат сè додека не ослабнат

360

Клари Кроутерс тежела 90 килограми. Работела како акушер и нејзиниот набиен распоред ја терал да јаде само брза храна или претходно подготвени оброци.

Начинот на исхрана и бил надвор од контрола, сè додека повеќе не можела да се гледа во огледало.

Кога нејзиното момче ѝ предложило брак, таа го одбила со образложение дека не сака да биде “дебела невеста”. Токму затоа и го променила начинот на живот.

Клари изгубила 25 килограми за 10 месеци, но не била задоволна. Тогаш заедно почнала да оди во теретана заедно со момчето кое било посветено да и помогне во трансформацијата. И тој исто така ја следел строгата програма.

Така Клари изгубила уште 12 килограми и станала самоуверена фитнес жена.

Во октомври 2014-та, Клари и Стефан се венчале.

“Поддршката од мојот сопруг беше клучна за губење на моите килограми и работењето на заедничка цел беше одлично,” вели среќната сопруга.