Вчера (5. ноември) почина Славка Арсова – поетеса и авторка за деца, родена на 3 јули 1934 година во Скопје, членка на Друштвото на писателите на Македонија од 1993 година.
Арсова е авторка на петнаесетина збирки поезија, но попозната е по своето творештво за деца („Бисерчиња од детски глави“, Академски печат, 2017) и како основачка и организаторка на детскиот книжевен фестивал „Ракатки“.
Погребот на Славка Арсова ќе се одржи во сабота на градските гробишта во Бутел, во 12:00 часот.